еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз ќе даде подршка за уставните измени ако Бугарија го признае македонското малцинство

Во името на Демократскито сојуз ќе побарам прва точка на средбата да биде да упатиме силна заедничка порака до Бугарија да ги признаат Македонците како национална припадност и да ги остваруваат сите свои права, да се здружуваат, да формираат клубови, вклучително да можат да формираат и политички партии. Тоа значи асоцијации преку кои ќе можат да ги негуваат своите национални обележја, културни, историски, јазични и други обележја што ја карактеризираат една нација, изјави пред денешната лидерска средба во Собранието претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Тој, како што кажа, ќе бара политички консензус од сите политички партии затоа што досега никој од државно – политичкиот врв не го покренува ова прашање, како што вели Трајанов, „ниту претседателот на државата, ниту претседателот на Владата, уште помалку министерот за надворешни работи“.

-Никој не бара Македонците да ги добијат своите основни права како што ги имаат Бугарите и другите етнички заедници во Бугарија, рече Трајанов, додавајќи дека нема ништо против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но само на реципрочна основа односно „само да бидат признаени Македонците како национално малцинство и да бидат признаени нивните права на самоорганизирање“.

Претседателот на ДС рече дека на средбата ќе побара предвремени избори или пред избори да биде формирана влада на широка коалиција, потоа да има една изборна единица, но и сите креативни кадри да бидат вклучени во процесот на скриниг за да создадеме основни предуслови и претпоставки за формално почнување на преговорите со ЕУ.

Исто така ќе го отвори прашањето и околу функционирањето на системот во државата „бидејќи има огромно разочарување кај граѓаните дека не функционираат институциите ниту на централно ниту на локално ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерката на ДОМ, Морачанин, не очекува дека денеска ќе има договор за уставните измени

Касами нема да учествува на лидерската средба

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Емилија бара спас од сопругот: „Kрши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши“

Редакција

Француска компанија го доби тендерот на Народна банка за набавка на 15 милиони 500-денарки

Редакција

Градоначалникот на Ресен, Гошаревски се вакцинираше против Ковид-19

Редакција