еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска ќе биде промовирана „Солуција“ на Димитров

Денеска ќе биде промовиран Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, чиј што претседател и коосновач е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

На настанот е предвидено да говорат амбасадорот Филип Рикер, поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу и експертот за реформи и владеење на правото, Рајнхард Прибе.

На промоцијата, овие тројца говорници ќе дебатираат на панел – дискусијата со наслов „Македонскиот ден на мрмотот – излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизам”, а модератор е токму Димитров.

Според информациите на еМагазин, „Солуција“ не е поврзана со движењето на политичката сцена кое Димитров најави дека ќе го промовира во јавноста.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција

Директорката на КАРИЛ, Мојсовска тврди дека ракометарот Тот немал видливи траги на насилство

Редакција

Општина Липково склучи договор со ЈУ-Бај 2 Амет вреден 498,2 илјади евра

Редакција