Денеска се очекува да се одржи втора рунда преговори меѓу Москва и Киев, фокусирана на прекин на огнот, една недела по руската инвазија врз Украина.
Шефот на руската делегација Владимир Медински изјави дека украинската страна е на пат, јавија руските медиуми.
Како што пренесе ДПА, двете страни се договорија да разговараат во регионот Брест во западна Белорусија, а руската војска планира „безбедносен коридор“ за да ѝ дозволи на украинската делегација да помине.
Украинската страна потврди дека се согласила на разговор, без да прецизира детали.
Украинското Министерство за надворешни раб оти, сепак, побара од Русија да прогласи прекин на огнот во тешко погодените источни региони на Харков и Суми за да им се овозможи на цивилите да дојдат на безбедна локација.
Првите преговори во понеделникот на белоруско-украинската граница не донесоа опипливи резултати.
Русија вчера продолжи да ја напаѓа Украина, а утрово имало и неколку експлозии во Киев, по што се огласиле сирени за воздушен напад.
Најмалку осум лица, меѓу кои две деца, загинаа во воздушен напад на источниот украински град Изиум во близина на Харков, јавија локалните медиуми повикувајќи се на информации од локалните власти.
Деталите не можат да бидат независно проверени.
Во вториот по големина град Харков, два проектили погодија административна зграда, а наводно е оштетена и катедрала. Нема информации за повредени лица.
Во Коростен, северно од градот Житомир, властите соопштија дека две лица загинале во воздушен напад на голем контролен пункт, а петмина се повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) На протест против војната во Русија уапсена и 77-годишна активистка
(Видео) Украинците со голи раце ги сопираат руските возила: Снимки кои го обиколија светот
МИА/Фото: Твитер/Новаја газета