еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска сончево и ведро време, кон крајот на денот зголемување на облачноста

Сончево и ведро време ќе преовладува денеска во земјава. Изутрина ќе биде студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку ден сончево. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 3, а максималната од 14 до 19 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 1 степени и максимална до 17 степени.

Во вторник ќе има промена на времето и ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне.

Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Грозданова: Вакцината „Синовак“ е безбедна, во Кина се аплицира и кај деца над 3-годишна возраст

Редакција

Вселенскиот патријарх Вартоломеј прв пат во историјата божикното послание го објави и на македонски јазик

Редакција

Во август во Македонија 112 случаи на Ковид-19 и едно починато лице

Редакција