Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина треба да почне денеска попладне во Белорусија, јавија руски медиуми кои се повикуваат на белорускиот политиколог Јуриј Воскресенски, близок до организаторите на разговорите.
„Разговорите се планирани да започнат во 15 часот по московско време, но тајмингот може да се промени поради проблеми со логистиката на украинската делегација”, пренесуваат медиумите.
Разговорите меѓу руските и украинските претставници започнаа на украинско-белоруската граница на 28 февруари. Втората рунда од разговорите се одржа на 3 март.
Досега се без никаков суштински пробив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб
МИА/Фото: Твитер/Новаја газета
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.