еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Денеска заедничка седница на владите на Македонија и Косово

Владите на Република Северна Македонија и Република Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти.

Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји.

-Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка, информираат од владината прес-служба.

Договорите, како што посочи на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот, безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На почетокот на годината, заеднички пазар на труд на Србија, Македонија и Албанија

Редакција

Нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој на македонски државјани во Албанија

Редакција

Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Македонија

Редакција