еМагазин
Image default
Македонија

Десеттина пациенти од „Сју Рајдер“ во Битола заразени со Ковид-19

Десеттина пациенти кои се лекуваат во битолскиот хоспис „Сју Рајдер“ се заболени од Ковид-19.

„Сју Рајдер“ е работна единица на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13. Ноември“- Скопје.

Позитивни на Ковид-19 се лица кои биле тестирани во текот на вчерашниот ден, потврдија за МИА претставници на здравствените власти.

Со појавата на Ковид-19 и мерките кои ги препорача Министерството за здравство, влезот во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола е забранет за сите надворешни и невработени лица, вклучувајќи ги и семејствата на лицата кои се згрижени во хосписот и затоа е непознато како се заразиле пациентите во просториите на хосписот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Имаме експлозија на вирусот, целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19

Редакција

Кои се кандидати за пратеници на ЗНАМ

Редакција

И без закон за ЈО, извесно е дека ќе има завршница за предметите на СЈО

Редакција