Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 53 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 421 пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје 199
Рекордни 24 починати од Ковид-19, вкупната бројка е 1.049
Нови 913 случаи на Ковид-19 од 2.713 тестирања, најмногу во Скопје 459
Фото: МЗ