Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а слободни кревети има, информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во Штип 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12 во Кичево 10, Кавадарци 55, во Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Од Министерството посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираат од Министерството за здравство.
Сите одделенија на клиничките болници, се вели во соопштението, располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и Министерството е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Фото: МЗ