Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 84 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.
„Вкупно 543 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 24 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 255 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти.
На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 543 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.
Фото: МЗ