еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2  приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

Вкупно 142 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Поради намалениот број на пациенти, од денес се затваат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за Инфективни болести.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги бендиса ли грчката Влада уставните амандмани на македонската Влада

Редакција

Меркел: Решавањето на спорот за името е многу важна вест

Редакција

Антикорупциска одлучи дека нема нерегуларности при исплатата на субвенции на тутунарите

Редакција