еМагазин
Image default
Локално

Детален преглед: Остатоци од кашест снег на коловозите, снежни врнежи само во Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег. Врнежи од снег се бележат само во Маврово.

АМСМ препорачува приспособување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец ја загрозил сигурноста на пратениците со објава на Фејсбук

Редакција

Пешак прегазен кај Општина Ѓорче Петров, почина на лице место

Редакција

Пожар над Вешала на Шар Планина

Редакција