еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од Обвинителство за младите сопружници кои се најдени починати со повреди во нивниот дом во Табановце

Јавен обвинител од Куманово издал наредба за обдукција на телата на двајцата сопружници кои утрово беа пронајдени во семејна куќа во кумановското село Табановце со повреди, информираат од Јавното обвинителство (ЈОРСМ).

Издадена е и наредба за вештачење на трагите и материјалите пронајдени на местото на настанот.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години.

Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР за сопружниците од Табановце: Жената починала од повреди од остар предмет, нејзиниот сопруг имал прострелна рана

Во нивниот дом во Табановце пронајдени две починати лица со повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Миле Кузмановски во „Еден на Еден“: За малку ќе пеев на погрешна свадба

Редакција

Во Македонија не е дијагностициран делта плус сојот на Ковид-19

Редакција

Швајцарската полиција нуди 10.000 франци за информација за убиецот на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку

Редакција