еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеше на прибирање на материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“, информираат од таму.

„Како што веќе обвинителството информираше, извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел во едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење.

Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела.

Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички, како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола.

Со оглед на обемноста на материјалот, записниците за одземени предмети се уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.

Воедно, обвинителството ја известува јавноста дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот.

Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

(ВИДЕО) Боки13 со лисици на распит во Кривичен, претрес во 1ТВ и домот на неговите родители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Редакција

Макрон: Северна Македонија не ги плаши луѓето, половина земји членки на ЕУ се против старт на преговори со Албанија

Редакција

Убава вест: За три дена оздравени 140 болни од Ковид-19

Редакција