еМагазин
Image default
Локално

Детали од Обвинителството за сообраќајката во која загинаа двајца млади охриѓани

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и вештак од областа на сообраќајот извршија увид на местото Долна крстосница-Макази, каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Од ОЈО-Битола информираат дека вчера на магистралниот пат А-3 Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка Мерцедес, управувано од 36-годишен жител од Охрид, во кој како сопатник се превезувал уште еден 34-годишен жител од Охрид и товарно возило марка Волво управувано од 33-годишен жител на селото Ваташа, Кавадарци.

Според првичните сознанија, до незгодата дошло кога патничкото возило од засега непознати причини преминало на спротивната сообраќајна лента, по која се движело товарното возило при што дошло до директен судар.

На местото на незгодата од тешките повреди починале двете лица од Охрид кои се превезувале во патничкото возило Мерцедес.

За расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, наредба за обдукција врз телата на починатите како и за сообраќајно – техничко вештачење, се посочува во соопштението на ОЈО-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две млади лица од Охрид загинаа во собраќајка кај Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина пешак по удар од „фиат пунто“ во Виница

Редакција

Приватните превозници во Скопје до петок ќе возат само наутро, од понеделник не се знае дали воопшто ќе возат

Редакција

Директор од Прилеп крадел вода од водоводот

Редакција