Според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 392 лица позитивни на Ковид-19.
По општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода – 17, Студеничани – 13, Ѓорче Петров – 11, Илинден – 10, Шуто Оризари – 9, Арачиново – 8, Петровец – 5, Сопиште -2, информираат од Министерство за здравство.
Во однос на воведувањето на полицискиот час кој ќе започне од вечерва во 21 часот и ќе трае до понеделник до пет, министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција рече дека Скопје е една функционална единица.
„Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти, дека циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје“, истакна Филипче.
Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред се заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, при што од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци.
Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и во недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури половина од 101. новозаразени со корона вирусот немале контакт со потврден случај
Фото: Факултет за ветеринарна медицина