еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Детална листа на сите вработени и советници во Кабинетот на Заев и нивните плати

Владата на својата веб страна објави список на вработени во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, негови советници и нивните плати.

Најплатен е советникот на Заев за национална безбедност, поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој добива 74.618 денари.

Останатите 23 вработени, колку што ги има моментално на листата, добиваат од 55.268 до 60.546 денари.

Љубе Бошковски се уште е советник на Заев за странски инвестиции, Дане Талески е советник за надворешна политика, Иванна Хаџиевска Кошевалиски за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации…

Заев има и четворица надворешни соработници, а од нив најплатена е Нина Фити-Неделковска, ќерка на професорот и академик Таки Фити, со 50.000 денари.

Останатите надворешни соработници се и Раде Јанковски за спречување на корупција во граничното работење, Магбуле Амети за здравство и Татјана Стојаноска Иванова за образование и наука.

Оваа е целата листа на вработени и советници:

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Токсикологија која незнае македонски направи милионски долг и не сака да вработи потребни кадри, обвинуваат вработените

Редакција

(Видео) Евидентирале дека турски државјани влегле во Македонија, а ги немало на Блаце, кривична за двајца полицајци

Редакција

Мицкоски нема да се пресели во премиерската вила, ќе живее во семејната куќа вредена 450 илјади евра во Влае

Редакција