еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Деветта по ред: Данска го ратификува Протоколот за пристапување на земјава кон НАТО

Данскиот Парламент денеска без дебата и во присуство на шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

Протоколот во Парламентот на Данска беше ратификуван со 97 гласа „за“ и девет воздржани.

Со ова Данска стана деветтата земја која го ратификуваше Протоколот, односно прва западноевропска земја која ја заврши постапката за ратификација и даде зелено светло на нашата земја на патот кон полноправно членство во Алијансата.

На отворената седница присуствуваше и в.д. амбасадорот на земјава во Данска, Александар Новотни.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации за кои Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување гранотови на внукот на Ахмети

Редакција

Доналд Трамп побогат за повеќе од 1 милијарда долари, откако повторно стана претседател на САД

Редакција

(Видео) Протести од историски размери во Белорусија: Лукашенко по 26 години наиде на отпор

Редакција