еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Диетата со вино, популарна меѓу скопските тинејџерки предизвикува сериозни здравствени проблеми, предупредува доктор Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски, на Фејсбук предупредува дека диетата со вино, популарна меѓу скопските тинејџерки предизвикува сериозни здравствени проблеми.

-Една стара “диета” промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува се попопуларна меѓу скопските тинејџерки.

“Диетата” се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.

Повеќенеделното придржување кон оваа “диета” може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен p450, сериозни црнодробни пореметувања.

Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија!

Родители најдете малку време да проверите како се “хранат” Вашите деца, пред да биде предоцна.

Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, пишува тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 4. февруари ќе одлучуваме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев, вели Спасовски

Редакција

Твитер реакции за влегувањето на ДУИ во учебник по албански јазик, како пример за кратенка

Редакција

Нашите и полициските истраги не најдоа докази за местење натпревари од страна на судиите, велат од Европската ракометна федерација

Редакција