еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезеноста до 11 часот 8,03%

Излезноста на референдумот до 11 часот е 8,03% од обработени 92,06% од добиените податоци, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на втората прес-конференција.

Највисока излезност има во општина Центар 13,31%, Крива Паланка 13,8 и општина Карпош 12,51, а најниска излезност има општина Могила 3,16 и Пласница 3,30%.

Како што информираа од ДИК досега се доставени седум приговори, од кои три се одбиени, додека четири се во обработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп ќе дели дивиденда

Редакција

Раст од 1,4% на индустриското производство во јануари

Редакција

Коѕијас: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент и тоа од нашата Влада

Редакција