За финалниот „француски предлог“, на Фејсбук реагира и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
„Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка.
Од билатерален дозволувате да се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци, а дополнително се обидувате да ја релативизирате тежината на предлогот.
Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државни интереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле.
Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата и втората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не го застапува нашиот национален и државен интерес.
Македонскиот народ и сите граѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе го надминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни и пообединети за наша Македонија.
Македонецот опевал и ќе опејува многупати за јунаштво и подвиг, но исто така и за предавство и самопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јас мојата многу одамна ја избрав.
Македонија ќе победи!“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“
Фото: Фејсбук/Димитриевски