еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Изјавата на Ковачевски, кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата, може да биде злоупотребена за притисок кон нас

Изненадува изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата, пишува поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, на неговиот Фејбук-профил.

„Прво, тоа воопшто не е точно. Од каде му е тој впечаток на премиерот!? Јас постојано сум низ земјите членки во последните години, и од позиција на министер, ама и сега и ниту гледав, ниту гледам разбирање за анахроните антиевропски бугарски позиции.

Впрочем, поплаките во Софија дека нема доволно солидарност кон нив и дека не се разбрани, се јавна тема кај комшиите веќе подолго време. А на истата линија беа и обвинувањата кон мене директно од Софија, оти практично им ги разобличував тезите обезбедувајќи да бидат осамени во небулозите.

Изјавата на Ковачевски е во најмала рака невнимателна. Но, исто така може да биде и опасна и лесно да биде злоупотребена како притисок токму врз македонските позиции. Оти оди на линија на Радев, кој упорно пласира вакви тези веројатно терајќи домашна политика со прашањето.

Конечно, македонската влада и дипломатија мора повторно да се разбуди и да продолжи да ги разобличува анахроните обиди и аргументи за разнебитување на македонскиот идентитет што речиси целосно се поклопуваат со рускиот наратив за Украинците, без разлика што тоа можеби нема да им се допаѓа на носителите на оваа политика во Софија.

Бидејќи „пријателство” изградено на криви основи, едноставно нема да опстои. Бугарија има подобра преговарачка позиција, бидејќи е земја членка, но токму затоа не смееме да престанеме да потсетуваме дека на наша страна се принципите, европските вредности и меѓународното право.

И да се бориме за нив. И да бараме помош кај другите земји членки, бидејќи се бориме и за образот на Унијата. А не да се навлекуваме на бугарските тези дека поведението им е прифатено и поддржано.

Па ние ќе се срамиме и ќе се стегаме гласно да викнеме дека ни се газат основните права и достоинство? Или ќе направиме Радев да се срами кога вели дека ЕУ не смеела да го „легитимира македонизмот”?,“ пишува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, вели Ковачевски

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови

Редакција

Адвокатот на оштетените во несреќата кај Ласкарци: Разликата во машинското вештачење и во супер вештачењето е само заклучокот, другото е се исто

Редакција

Среќна сум што ќе инспирирам други жени, рече Силјановска Давкова во инаугуративниот говор

Редакција