Министерот за надворешни работи Никола Димитров по лажната вест дека поднел оставка од функцијата по вчерашниот референдум на неговиот Фејсбук статус објави дека почнале специјална војна против него.
„Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни ја биде“, пишува Димитров.
„Лажната оставка“ е преземена од Фејсбук групата „Никогаш Северна – секогаш Македонија“.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.