Министерот за надворешни работи Никола Димитров по повод оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас вели дека двајцата со Договорот од Преспа постигнале нешто што претходните 27 години се сметало за невозможно.
-Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕиас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека и нашиот регион може да решава спорови и да создава иднина – вели Димитров.
Тој на Коѕиас му посака добро здравје и успех во сите идни предизвици.
– Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина – додава Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коѕијас на Твитер: Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе
Фото: Влада на РМ