еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Вон ЕУ не можеме целосно да го комплетираме Преспанскиот договор

Преспанскиот договор не може да се комплетира целосно ако ние сме вон пристапниот процес кон Европската Унија, рече денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за одлуката на Европскиот совет да не и додели на земјава датум за преговори за членство во ЕУ.

„Во Преспанскиот договор целосната имплементација на нашите обврски е врзана со пристапниот процес во Европската Унија. Во однос на веќе постоечките внатрешни документи и материјали, нашите обврски почнуваат и завршуваат во рок од пет години од отворање на поглавјата“, подвлече Димитров.

Истакна дека членството во НАТО е извесно, но како што рече, тоа не значи дека треба да потценуваме реализација на едно од најважните две стратешки цели.

„НАТО носи безбедност, предвидливост и инвестиции. Изгубивме цела генерација, но не смееме да паднеме во истата замка сега. Од наративот на жртва треба да го избереме наративот на победник. Тешко е, ама ќе пронајдеме дупка и ќе излеземе и ќе продолжиме да одиме напред.

Со тоа ќе и помогнеме и на Европа и сами ќе си помогнеме, и на нашите соседи во регионот. Ќе завршам со цитат од Черчил: „Никогаш, никогаш, никогаш немојте да дигнете раце“, заклучи Димитров.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите

Заев за „Јуроњуз“ на грчки јазик: Неотпочнувањето преговори со ЕУ влијае на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со лични карти без „Северна“ по 12. февруари нема да може да се патува во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Редакција

„Крафтинг груп“ го доби тендерот на ЈП за одржување патишта за набавка на боја вреден 2,4 милиони евра

Редакција

Османи: Пропадна обидот за отстапување од стратешките определби на земјава

Редакција