еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

50 македонски државјани се уште се таму: Дипломатска екипа не МНР ќе патува за Украина

Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи (МНР) испраќа дипломатска екипа во Украина, во чии состав ќе бидат актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесите на терен при асистирањето во евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР.

– Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се уште се на украинска територија, како и членови на нивните семејства, украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори.

Нивното движење постојано го следиме сѐ до напуштањето на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава, велат од МНР и додаваат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.

Воедно, од МНР посочуваат дека тие продолжуваат одблиску да ја следат состојбата и за секоја нова промена соодветно јавноста ќе биде информирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како ќе изгледаат изборните активности и гласањето во време на корона вирусот?

Редакција

„Тежок“ тендер: „Никоб“ за три милиони евра ќе ги обезбедува објектите на државната управа

Редакција

Драстичен раст на долгот на граѓаните и фирмите на новата листа на должници на УЈП

Редакција