Младата бизнисменка Нина Ангеловска е предложена за министерка за финансии. Нејзината биографија стигна во Собранието, а еМагазин открива детали од неа.
Што пишува во нејзината биографија?
Ангеловска е родена во Скопје, во 1988 година.
Средно образование завршила во скопската гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин“, а во 2010 година дипломирала на Универзитетот „Кирил и Методиј“ на Економскиот факултет на секторот Е-бизнис како најдобар студент на генерацијата со постигнат успех од 9,94.
Ја добила и Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.
Додека студирала била ангажирана и како демонстратор по неколу предмети, а учестувала и на неколку меѓународни натпревари.
По дипломирањето го стартува првиот бев сајт за групни попусти во Македонија, Групер, кој го води околу девет години.
Во 2012 година станала магистар на економски науки во областа на е-менаџмент, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а во 2016 година стала доктор на науки по организациски науки и управување на истиот Универзитет.
Таа била говорник, предавач и ментор на 300 домашни и меѓународни настани.
Во 2016 година германскиот магазин The Hundert ја вбројува во 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа, а во 2018 година магазинот Форбс ја наградува со престижното признание „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.
Целата биографија ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За новиот министер Хисен Џемаили интернетот е компјутерска вештина
Која е приватно идната министерка Ангеловска: Парите ги троши на патувања