Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која е четвртото лице заразено со коронавирусот, ќе биде разрешена, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
„Ќе се преземат мерки за директорката. Бидејќи е предизборен период формално – правно не може да се разреши од функција, но во прва прилика ќе биде разрешена. Целата клиника ќе биде затворена 14 дена. Одговорност ќе има за секој кој нема да се придржува до пропишаните мерки,“ рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку лекарки од Штип во домашна изолација, биле во контакт со заразената директорка
Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести
Заразената директорка викендов држела предавање на колеги, била во контакт со над 300 лица
Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот
Фото: Дерматологија