еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Директорката на УЈП, Лукаревска за МИА: Вирусот навистина постои, ако не направев тест, немаше да знам дека сум позитивна

Вирусот навистина постои. Има многу асимптоматски случаи кои на некој начин претставуваат своевиден ризик во контактите со другите луѓе. Јас ако не го направев тестот, немаше да знам дека сум позитивна, вели директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска во првото интервју за МИА дадено по нејзиното враќање на работа откако претходно самата обелодени дека е позитивна на корона вирусот.

Лукаревска, која немала никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, апелира до граѓаните максимално да се грижат за сопственото и здравјето на другите и да ги почитуваат сите протоколи и насоки на Министерството за здравство кое, како што вели, дава се од себе за да се справи со вирусот.

– Шокирачки е да примиш вест дека си позитивен на коронавирусот, иако не очекував такво нешто. Кога отидов да се тестирам, бев толку релаксирана од исходот од тестот, но тоа е, што е.

Немав никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето, дури со дел од здравствените работници со кои разговарав ми кажаа дека сум многу слаб преносител. Сите мои колеги и пријатели кои беа посочени во анкетата од моја страна, се негативни, вели Лукаревска.

Во интервјуто, Лукаревска зборува и за мерките што се спроведуваат преку Управата за јавни приходи, а се дел од пакетите владини мерки за справување со последиците од корона кризата.

Најавува и контроли за мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари поради дојави за одредени злоупотреби.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска позитивна на корона вирусот

(Видео) Директорката на УЈП, Лукаревска приватно: Би глумела во Dirty Dancing, на вечера би ја поканила Евита Перон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, вели Путин

Редакција

Какви документи и понуди разменуваат Македонија и Бугарија?

Редакција

(Фото) Трогателна средба на сопружници кои не се виделе поради коронавирусот

Редакција