еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на БЈБ, Тасевски за насилството во Собранието: Напаѓачите извикуваа дека ќе не убијат и оти ќе биде прогласена воена состојба

Лица со фантомки се закануваа дека ќе бидеме ликвидирани, не пцуеја и не удираа со се што ќе стигнеа, сведочеше синоќа Сашо Тасевски, актуелен директор на БЈБ.

Тасевски на рочиштето за „27 април“ во Кривичниот суд, рече дека напаѓачите извикувале дека ќе ги убијат, дека нема каде да одат и оти ќе биде прогласена воена состојба.

– Во прес-центарот на Собранието бевме напаѓани со шипки, со сталаци и други предмети. Некои од луѓето носеа и боксирачи. Тој период, не знам колку траеше, се додека не дојдоа од ЕБР и не не евакуираа во канцеларијата на пратеникот Влатко Ѓорчев, рече Тасевски, одговорајќи на парашање на обвинителката Вилма Русковска.

Тој кажа дека како последица на нападите врз него имал две расекотини на главата, му била изместена вилицата и имал модринки по телото.

На прашање на адвокатот Гоце Ристовски, сведокот рече дека имало десеттина лица со фантомки кои викале дека ќе ги ликвидираат. Адвокатот Звонко Давидовиќ го праша Тасевски, дали внатре видел специјалци, на што тој одговори дека униформирани лица видел надвор од Собранието.

– Во Собранието униформирани лица видов дури кога почнаа да не евакуираат, рече Тасевски.

Претходно, во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи, а преходно сведочеа и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и една новинарка присутна во Собранието за време на случувањата.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството побара осудителна, а одбраната ослободителна пресуда во случајот “Двојник“

Редакција

Османи во посета на Киев, ќе се сретне со украинскиот колега Кулеба

Редакција

Вкупно 7.732: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавиено уште едно

Редакција