еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорот на судска медицина Александар Станков, контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Директорот на институтот за судска медицина доктор Александар Станков во телефонска изјава за „Слободен печат“ вели дека се завршени 44 обдукции на целосни тела, но и делови од 45 тело.

Станков децидно тврди дека видел делови од 45-то тело.

Неговото тврдење е спротивно на тврдењето на бугарското Обвинителство дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, а дека 8 лица се спасиле од несреќата.

– Додека не заврши ДНК анализата не може да се утврди точниот број на настрадани лица. Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. Треба да почекаме да се испитаат овие остатоци и тогаш точно ќе видиме колку лица биле настрадани, изјави Станков за МИА.

Станков потврди дека кога ќе бидат готови извештаите од македонските лекари од судска медицина, кои овие денови беа во Софија, истите ќе бидат предадени на бугарските власти.

Претходно, портпаролката на главниот обвинител на Бугарија Сијка Милева, на прес-конференција со заменик-јавниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов изјави дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела.

Таа информира дека се сретнала со преживеаниот маж кој и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум лица, а не седум.

– Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна Милева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија дали има уште еден преживеан: Пронајдени 44 тела, преживеан патник тврди дека спасил осум лица, велат од бугарското Обвинителство

Бугарско обвинителство: Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во несреќата во Бугарија починале од задушување, а не од ударот

Бугарското обвинителство ги отфрли верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можна причина за несреќата во Бугарија

Извор/Слободен печат и МИА Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за финансиска полиција вработува, плата од 26.493 денари

Редакција

Фетаи бара екстрадиција на Исмаиловиќ и Демир осомничени во „Монструм“

Редакција

Претседателот на бугарското Собрание верува во уставни измени до крајот на годинава

Редакција