еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојави за бомби и во 10 училишта во Куманово

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово.

Според информацијата станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Де Рада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.

-Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени.

Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки, потенцира Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов ден, нови дојави за бомби во училишта во Скопје

И НАТО не може да не спаси од лажни дојави за бомби

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самохраните родители излегоа на улица, бараат права и поголемо разбирање од институциите

Редакција

(Видео) Струмица блесна во новогодишно издание

Редакција

Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато до завршување на изборите

Редакција