Десетина сведоци сами се пријавиле во тетовското Обвинителство за да раскажат што се случувало ноќта на 8 септември, кога само за неколку минути изгоре модуларната болница, во која се лекуваа ковид-пациенти, објави Дојче веле.
Станува збор за лица кои вечерта биле присутни во ковид центарот – дел од нив се лекувале, а останатите биле придружба на своите блиски заразени со ковид. Сите тие сведочеле за миговите кога настанал пожарот и нивниот обид да се спасат бегајќи низ прозор.
„Од нигде-никаде се појавија луѓе за кои ние воопшто не знаевме дека ноќта биле во модуларната болница. Тие доброволно дојдоа во Обвинителството и посведочија дека биле таму во моментот кога избувнал пожарот.
Тие биле сместени во други соби, но почнале да бегаат низ прозорците за да се спасат, кога огнот почнал да се шири“, вели за Дојче веле првиот човек на тетовското Обвинителство, Бесир Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА