И во првиот мобилиен телефон на спецјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева, „не е најдено ништо посебно“ што би било од интерес за истрагата за „Рекет“, објави Дојче веле.
Тој и беше одземен на 15. јули, кога и Јавното обвинителство објави детали за истрагата „Рекет“, а беа уапсен двајцата осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милески.
„Oд Обвинителството велат дека и во него „не е најдено ништо посебно“, што би било од интерес за истрагата во која засега се осомничени две лица. Од досега обезбедените искази и сознанија, според истрагата, немало докази кои би можеле да индицираат на евентуална инволвираност на Јанева во случајот што го истражуваат.
Но, потенцираат дека истрагата е во самиот почеток и дека ќе продолжи со несмалено темпо. Сепак, поради летните одмори, истрагата ќе почека обвинителите да се вратат од колективен одмор кој почнува од 1-ви август, што значи дека истрагата ќе продолжи во втората половина од август“, пишува Дојче веле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала
Сопруга на вработен во СЈО го издала боледувањето на Јанева
360 Степени: Трајно „исчистени“ неколку компјутери во СЈО
Од што боледува Катица Јанева и дали е способна да ја врши својата работа?