Сакаш Водно да е заштитена зона? Сакаш да ја сочуваш природата која ти дава мир, те полни и прочистува? Сакаш да се престане со изградба во парк шума Водно? Дојди на Врв на Водно – заеднички да ја пренесеме нашата порака за зачувување на нашето природно богатство, гласно да ја кажеме нашата порака: НЕ НИЗ ВОДНО!
Ова се вели во поканата на Фејсбук, од иницијаторите за заштита на парк-шумата Водно:
„Биди во 10.30 недела 19 август без доцнење, на чистинката под крстот. Ќе има музика, ќе има активности во знак на поддршка на она што ни значи : Водно без понатамошни минирања, копања, механизации, сечење на шумата, уништување на бројни живеалишта… Земи пријател, дојди на врв! Сподели, рашири, сликај се, постирај. #СитеНаВодно #SiteNaVodno #ГоСакамВодно #GoSakamVodno
#NeNizVodno #НеНизВодно
Од врв потоа можеш да се придружиш на организирана прошетка по сртот на Водно до местото каде се стационирани багерите , предводена од наши водичи кои детално ќе ви ги укажат сите убавини кои некој предвидел да се избришат засекогаш од сртот на Водно, нешто кое ние сакаме да го спречиме.
За оние кои никогаш не ја пешачеле стазата по сртот, тоа не е напорна стаза, има благи нагиби и уздолници, поминува низ убав предел и е одлична за фамилијарна прошетка!
Можеби Скопје е празно, можеби е пекол но Водно заслужува да се одбрани. Затоа биди горе“.