Предметот заведен како „Хармонија“ се наоѓа во фаза на истражна постапка врз основа на Наредба за спроведување на истражна постапка НСККО бр.4/18 од 09.10.2018 година против три лица поради постоење на основано сомневање дека првоосомничениот Никола Груевски и второосомничениот Миле Јанакиески сториле по едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 в.в. ст.1 в.в чл.22 и чл.45 од КЗ на Р.М, а третоосомничениот Стевчо Јакимовски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 в.в. ст.1 и чл.22 од КЗ на Р.М, стои во најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
“Во текот на истражната постапка доставени се две покани за сослушување на сведоци“, велат од СЈО.
Други детали за овој случај нема.
Инаку во случајот „Хармонија“ опфатени се три службени лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1.вв со чл.22 и чл.45 од КЗ.
Постои основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски претседател на Владата на РМ, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, како соизвршители, за Приватен Меѓународен Балкански Универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќен притвор за Стевчо Јакимовски
Јакимовски пред судот: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“
Детали од МВР: Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште
Детали од Обвинителство за Јакимовски: „Масакр“ на буџетот на Општина Карпош