еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

До новите избори на 25 јуни Грција доби службена влада

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис на позицијата шеф на дипломатијата, поранешниот заменик – министер за одбрана, Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик – гувернерот на Банката на Грција, Теодорос Пелагидис.

Ова се дел од министрите во новата, службена Влада на Грција, која денеска напладне ќе положи свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина.

Привремената Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата владин портпарол ќе биде новинарот од државната телевизија ЕРТ, Илиас Сиакандарис.

Во Министерството за надворешни работи на Грција на местото на Никос Дендиас, во периодот до изборите на 25 јуни доаѓа искусниот дипломат, почесниот амбасадор Каскарелис, кој во неговата кариера бил постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, а бил и амбасадор во САД.

Во текот на денешниот ден, по свечената заклетва во Претседателската палата закажана за 12 часот, во секое од Министерствата ќе има и примо – предавање на функциите.

Новиот, привремен претседател на грчката Влада, Јоанис Сармас, вчера положи свечена заклетва, по што се сретна со, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, со што и официјално ја презеде функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција почнаа процедурите за нови избори, Мицотакис сам неможе да формира влада

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Албанија ја доби првата пловечката фотоволтаична централа

Редакција

(Видео) Том Круз „филмски“ го однесе олимпиското знаме во Лос Анџелес: Затворени Летните олимписки игри во Париз

Редакција

Ослободување од работа на хронично болните лица треба да биде со потврда од лекар специјалист

Редакција