еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До петок температурата до 35 степени, во сабота дожд, а од недела опаѓање на температурата

До петок ќе се задржи стабилно и топло време, а дневната температура ќе достигне до 35 степени.

Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури утре ќе се движат од 5 до 14 степени, а дневните од 24 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 32 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија не е на листата: Хрватска го укина карантинот за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора

Редакција

(Видео) Внук на Гоце Делчев: Јас сум Македонец и моите предци се Македонци

Редакција

Почна уривањето на дивоградбитe во Охрид

Редакција