Викендов иако грејната сезона уште не почнала целосно, два македонски града, Куманово и Скопје беа едни од најзагадените во светот.
Фрапатно за Куманово беше дека на крај излезе дека воздухот во овој град го загадила кумановската болница.
“Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на кумановската болница, непосредно до котелот за затоплување.
Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост се резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички“, информираа од Општината.
За жал, кумановската болница не е единствената во земјава која се затоплува на ваков начин, а само еден Бог знае на што се се греат училиштата и бројните други државни и локални институции низ државата.
Оваа е само еден пример кој покажува колку површински се бара решение за сериозниот проблем со загадувањето кој го има Македонија, но и дека и оваа сезона повторно квалитетно ќе се труеме.
За болницата во Куманово е планирано гасификација на истата на постоечката мрежа во градот, но во многу други места низ земјава гасификацијата е се уште мисловна именка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Палењето на дивите депонии во околината на Скопје го загадува воздухот во градот
Системот за греење на болницата го предизвика енормното загадување во Куманово, велат од Општината