еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Додека не се донесат официјални одлуки, јас сум член на БЕСА, а партијата е дел од Владата, вели Реџепи

Додека не добијам официјална одлука од партијата, врз основа на статутот на партијата, дека сум исклучен, јас сум се уште член, потпретседател на партијата, пратеник и координатор на групата пратеници на Движењето БЕСА во Парламентот, изјави денеска пратеникот Кастриот Реџепи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција со Собранието.

Прашан дали би влегол во коалиција со Зоран Заев, Реџепи рече дека во моментов движењето БЕСА е во коалиција со Зоран Заев, со СДСМ, со ДУИ и со ДПА.

– Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Фејсбук статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува.

Исклучување на коалиции врши Централниот одбор, кога ќе реши Централниот одбор дека Движењето БЕСА не е дел од мнозинството, тогаш и јас како член на БЕСА треба да размислам за да ја почитувам таа одлука.

Во моментот, органот што има мандат да решава е Централниот одбор, и движењето БЕСА е во владината коалиција, изјави Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи ги пријавил пораките со закани и притисоци во институциите, добил и обезбедување

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на Владата

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ консолидира 61 пратеник

Редакција

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција