Доктор Нико Беќаровски предлага пред да почне учебната година, учениците во основното и средното образование да бидат тестирани за антитела на Ковид-19.
“Во Македонија има околу 220.000 ученици во основното и средното образование, од кои повеќе од 20.000 официјално го прележале вирусот, а сигурно уште 2-3 пати повеќе асимптоматски го прележале.
Ајде сите овие наши 220.000 деца да ги истестираме пред почетокот на новата учебна година за присуство на антитела кон SarsCov-2.
Целата операција би чинела 2 милиони евра, а би добиле јасен показател колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство, а индиректно и јасен параметар колку сме блиску, или далеку, од создавање на колективен имунитет.
Во октомври ќе се одржат локални избори и политичките партии ќе потрошат десетици милиони евра за рекламирање на своите кандидати, иако сум длабоко убеден дека ниту еден граѓанин не ја сменил својата одлука за кого ќе гласа, врз основа на ова рекламирање.
ПОЧИТУВАНИ раководства на политичките партии, ајде сите договорете се заедно и бесцелно потрошените пари за глупи реклами, пренасочете ги за тестирање и за други хумани и еколошки цели.
Направете барем еднаш нешто добро за тие чиј глас очајно го барате. Бидете барем еднаш вистински патриоти, а на партократи“, напиша тој на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ