Професорот и епидемиолог Драган Даниловски во разговор за телевизија Сител изјави дека ефективниот репродукциски број на заразени со Ковид-19 благо расте од 24. април.
-Тогаш беше околу 0,9, сега е над 1 и тоа се гледа од седумдневните процеси. За очекување е ваков благ пораст и во наредните денови со оглед на празниците. Гужвите ќе доведат до поголем број, но тоа нема да влијае на епидемиолошката состојба. Стојам на тој став и понатаму, вели Даниловски.
Според него, од наесен ќе има благ сезонски пораст на бројките.
-Во Јужна Африка се појавија нови варијанти за кои се верува дека се позаразени од сегашниот. Исто така има и во САД. Ако тие две варијанти успеат да станат доминанти во светот, веројатно и кај нас еден ден, порастот на бројките би бил малку поизразен, но ништо страшно нема да се случи. Колективниот имунитет што го имаме стекнато е ненадминлива бариера, додава докторот.
Даниловски појаснува дека омикрон оди кон тоа да стане ендемски вирус.
-Тој и понатаму ќе биде поопасен од грипот, затоа што кај 30 до 40% што го прележуваат вирусот, настануваат пост-ковид компликации. Исто така тој ќе биде опасност за невакцинираните граѓани, вели Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ