еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Кунгуловски јавно прашува зошто се чудни резултатите од ПЦР тестирањата во македонските лаборатории

Доктор Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил јавно прашува зошто се чудни резултатите од ПЦР тестирањата во македонските лабаратории.

“Што се случува со PCR лабораториите во Македонија?

Ако се анализираат јавно достапните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и се направи анализа на PCR позитивни резултати од вкупен број на тестови во текот на најсилните бранови на пандемијата, излегува дека има силна неконзистентност и нескладност помеѓу PCR лабораториите во Македонија.

Aко ги земеме последните 9 дена кога букна омикрон сојот во Македонија ќе утврдиме дека една група на лаборатории меѓу кои и референтната ИЈЗ-Вирусологија имаат стапка на позитивни PCR тестови од ~22-35%, додека некои други лаборатории имаат стапка на позитивни PCR тестови од 0.5-3.5%.

Што можат да бидат причините за нескладност од 10-44 пати помеѓу лабораториите?

Едната група на лаборатории имаат далеку посензитивни тестови од другата група на лаборатории?

Едната група на лаборатории не зема соодветно материјал за анализа, при што се јавуваат лажно негативни резултати.

Eдна група на лаборатории тестира исклучиво симптоматски пациенти или пациенти коишто имале контакти со потврдени позитивни случаи, а додека пак другата група тестира пациенти коишто патуваат (тековно кај произволна популација PCR позитивитет треба да биде некаде меѓу 2-5%).

Се случува нешто што не би сакал ни да го помислам“, пишува тој споделувајќи податоци и табели и напоменува дека во неговата анализа не се вклучени сите лаборатории што извршуваат PCR тестови.

“Тоа оставам на истражувачки новинари или овластени институции. Позитивните од Жан Митрев Струмица се пријавуваат преку Жан Митрев Клиник во МојТермин. Додатни анализи треба да се направат и за претходните бранови, но има слични трендови“, пишува тој.

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По втор пат рекордни 41 починати од Ковид-19

Редакција

Патувањето во Грција со кола „ѓавол ипол“: Драстично поскапување на патарините

Редакција

(Фото) Пендаровски испратен од колегите: Од кое работно место заминува за претседател

Редакција