Микробиологот Никола Пановски смета дека тоа што од денеска ќе се бараат две дози на вакцина, за да се влезе во затворено, нема да ги натера младите да се вакцинираат, бидејќи тие веќе се снашле со сертификати од други.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат. Четири месеци вакцинирани со една доза влегуваа секаде, иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на вакцината. Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост.
Дури сега добива медицинска оправданост. Се разбира тие што примиле прва доза, веројатно примиле и втора. Затоа сметам дека за оние што до сега не се вакцинирале, оваа мерка нема да има ефект, односно нема да ги натера да примат прва доза сега, ако до сега не примиле.
Треба стимулативни мерки и научен и искрен пристап во кампањата за вакцинација, која до сега од неразбирливи причини ја нема, објаснува микорбиологот, додавајќи дека е „невозможна мисија“ да се натераат антиваксерите да примаат вакцина против ковид“, вели Пановски за локално.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски: Ноќните клубови се биолошки бомби за ширење на коронавирусот