еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски: Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек

Доктор Никола Пановски е најнова жртва на лажна интернет реклама, која се споделува на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени.

Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало, итн..

На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!

Ова трае со години, на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин.

Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП, МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР.

Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие криминалци, што е проблемот?

Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!“, напиша тој на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 389 случаи на Ковид-19 и четири починати лица

Редакција

Сите институции ќе бидат на располагање за што побрзо пуштање во функција на мостот „Беласица“, најави Ковачевски

Редакција

Иванов денеска ќе ја предаде функцијата на Пендаровски: Детали за церемонијата во Вила Водно

Редакција