еМагазин
Image default
Македонија

Досега самопопишани 177.875 лица од дијаспората, најмногу од Швајцарија

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица  од дијаспората, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, Германија – 40. 400 и Италија – 25.618.

Во САД има попишано 7.484 лица, во Австралија 2.227 и Канада – 1.591 граѓанин.

Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.

Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1.038, Словенија – 3. 324, Србија – 678, Хрватска – 1.331 и Црна Гора – 163.

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маска вчера казнети 485 лица

Редакција

Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

Редакција

Убава вест: 1.487 оздравени од Ковид-19

Редакција