еМагазин
Image default
Македонија

Досега вакцинирани 3.028 здравствени работници

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

За вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk досега се пријавиле 72.800 граѓани, а 47.569 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 6 неодамна патувале

Редакција

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција

Надлежните да преземат мерки за тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, велат од „Комунална хигиена“

Редакција