Ако нешто научивме од периодот на пандемија во кој живееме веќе неколку месеци, тоа е дека нашите животи би биле буквално незамисливи без технологијата којашто ја имаме на располагање.
Отежнатите услови нѐ натераа да се адаптираме и да размислиме на кои начини дигиталните алатки можат да ни помогнат во комуникацијата, работните процеси, па дури и во подобрувањето на бизнисите.
Пандемијата причинета од ковид-19 дојде како предупредување и ни даде своевиден поглед во иднината, во која сите претприемачи кои нема да научат како да оперираат со своите бизниси од далечина веројатно ќе исчезнат, а оние кои ја прифаќаат технологијата како партнер и пријател ќе надвладеат на пазарот.
Брзото приспособување на нови услови е клучно за надминување на предизвиците, а со оглед на растечката моќ и влијание на дигиталниот свет, се чини дека во иднина ќе имаме повеќе опции, начини и алатки кои можеме да ги користиме за да ги постигнеме нашите цели. И токму затоа, приспособувањето треба да започне веднаш!
За повеќето успешни бизниси, дигиталните алатки како Дигитални сертификати и Временски печат се добро познати и веќе се употребуваат во секојдневните работни процеси. Тие не само што заштедуваат време, туку ја олеснуваат работата и се далеку побезбедни од досегашните традиционални начини на менаџирање со доверливи документи.
Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира вебинари на кои претставниците на бизнисите ќе можат да научат нешто повеќе за нив.
Преку презентирање на услугите и алатките, како и споделување на кориснички искуства, Телеком ќе ви го покаже патот до дигитално осовременување на вашиот бизнис.
Првиот вебинар, предвиден за демонстрирање Доверливи услуги (Дигитални сертификати, Временски печат и Портал за дигитално потпишување) имате можност да го проследите на 14.07.2020 или 16.07.2020, додека вториот, на кој ќе се демонстрира Telekom МК App, е предвиден за 23.07.2020 година.
Пријавувањето ќе може да биде извршено на следната адреса: www.telekom.mk.
Секој од вебинарите предвидува учество на максимум 60 учесници, затоа бидете брзи!
Изминатиот период можевме да видиме голем број успешни приказни на бизниси кои лесно „ги прескокнаа“ предизвиците и се приспособија на новиот начин на работа, а тоа ни покажа дека технологијата е наш пријател доколку знаеме како да ја користиме.
Овие приказни не треба да останат аномалија, туку мора да бидат што почести, со цел да го зацврстиме и стабилизираме нашиот пазар во она што многумина почнаа да го нарекуваат „новото нормално“. Применувањето поврзани технологии и проверени дигитални алатки ќе ви даде предност на пазарот.
Затоа, да ја користиме технологијата за добро!
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА