Демократската Партија на Албанците (ДПА) е првата партија којашто објави дека ја прифатила понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да влезе во составот на новата влада.
Азем Садику од ДПА по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски од СДСМ најави дека се формирами и работни групи кои ќе разговараат за деталите.
„Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседстелот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски“, изјави Садику.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев уверен дека ќе формира Влада: Мнозинство може и со ДУИ и со Алијанса за Албанците
Мицкоски: Се фокусираме на преговори за парламентарно мнозинство и нова Влада
Фото: Фејсбук/ДПА