еМагазин
Image default
Македонија

Драматично сведоштво на патник за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ во која загинаа 16 лица

Автобусот по тргнувањето од Скопје неколку пати запираше да земе патници, но по наплатната рампа кај село Глумово нагло сврте кон лево и без никакви знаци на кочење удри и ги проби заштитните огради без да го промени правецот.

Возачот неколку пати разговарал на телефон, но правилно го држеше воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради изјави еден од повредените патници, на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16, а 37 лица беа потешко повредени.

На прашање од обвинителството Љуљзим Далипи рече дека често патувал со „Дурмо турс“ и имал добро возење се до несреќата на 13 февруари. Тој посочи дека и претходно имал патувано со обвинетиот возач на автобусот.

„Во 16 часот се качив на автобуска станица Скопје. Седнав на првиот ред од десната страна на автобусот. До мене седеше еден од сега починатите. Автобусот беше полн. Најнормално се одвиваше возењето се до наплатната рампа кај село Глумово“, рече сведокот Далипи.

За време на патувањето рече дека не приметил ништо чудно во однесувањето на возачот, но дека, како што се сеќава возачот неколку пати зборувал на телефон.

„По наплатната станица ги затворив очите да одморам. По пет минути почувствував нагло вртење и во тој момент ги отворив очите и инстинктивно се задржав и видов дека нешто не е во ред. Автобусот веќе беше свртен и накосен на лево. Почна паника и викање. Возачот, како што се сеќавам, правилно го држеше воланот и седеше исправено. Потоа автобусот удри во првата заштитна ограда, потоа во втората и продолжи на другата лента на автопатот“, изјави сведокот.

Рече дека не приметил никакво забавување или кочење на автобусот.

„Не осетив кочење. Возачот исправен правилно го држеше воланот. Видов дека со рацете цврсто го држи воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради и друго нешто не видов. Автобусот се додека не удри во третата заштитна ограда не го промени правецот. Потоа ништо не се сеќавам. Бев легнат на грб и викав за помош“, изјави патникот.

На лекување во болница, рече сведокот, поминал околу 24 дена.

„Станува збор за 12 скршени ребра, внатрешно крварење и два скршени пршлени. Најавувам оштета што ќе ја барам во граѓанска постапка“, изјави повредениот патник.

На прашање од одбраната, патникот рече дека автобусот неколку пати запирал да собере патници и не се сеќава да чул возачот да се пожали на некаков проблем.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани уште седум оштетени сведоци.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

МИА/Фото: Фејсбук/Дурмо турс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите за несреќата на автобусот на „Дурмо Турс“ во која загинаа 16 лица „не биле виновни“

Поднесени обвиненија за 6 лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“: Автобусот бил технички неисправен подолго време

Притвор од 30 дена за сопственикот, раководителот и возачот на на „Дурмо Турс“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа: Комисијата предложи да му се одземе мандатот на Груевски

Редакција

(ВО ЖИВО) ДИК на јавна седница ги презентира изборните резултати

Редакција

Продолжува судењето за случајот „Плацеви на Водно“

Редакција